Зошто енергетски-ефикасен објект?
Затоа што тоа е објект кој обезбедува комфорни услови за живеење и работа, ги задоволува сите аспекти на современото живеење и кој во основа треба да биде:
- Економичен при градењето и користењето;
- Еколошки конфорен;
- Мала потрошувачка на енергија;
- Асеизмичен.
Енергетски ефикасните објекти се градат по современите технолошки достигнувања во областа на сува градба и со користење најквалитетни материјали на реномирани светски произведувачи (STO, FERMACELL, KNAUF, URSA, EGER, MITEK, SCHIEDEL, ROYAL EUROPA...)
Употребената квалитетна дрвена граѓа е со влажност до 12% заштитена со еколошки премази со кои се обезбедува долговечност на дрвото и подолго од 100 години.
Предности на објектите проектирани од нас
- до 20% поевтина градба во однос на класичната куќа;
- заштеда на енергија за греење до 50 -70% во однос на класичната градба;
- употребени се еколошки и биолошки квалитетни материјали за градење;
- обезбедени се беспрекорно конфорни услови за живеење и работа;
- регулирана клима на природен начин (без клима уреди);
- го штити здравјето на Вашето семејство од алергии, настинки и др.
- можност за градење станбени и деловни повеќе катни објекти без ограничување на бројот на катовите;
- погодни за градење во сеизмички активни подрачја;
- можност за градење независно од временските услови;
- кратко време на градење и брзо вселување;
- сигурност од пожар;
- можност за изведување повеќе фази во сопствена режија;
- можност за користење чисти и обновливи извори на енергија;
- придонесува за намалување емисија на CO2
|
|
Екстра бонус – екстра профит за инвеститорот
- Поради иновативниот начин на проектирање и градење покрај другите значителни квалитети и предности во однос на класично изведените објекти еко објектите Ви обезбедуваат бонус до 10% поголема корисна подна површина при ист габарит на подната плоча што значи дополните лен профит за инвеститорот од 10%.
|