Пријателски совети
Куќа во цвеќе и здрав дом е желба на многу од нас, но од која често се откажуваме уште при помислата на патот кој треба да се изоди до нејзина реализација.
Прибирање документација, дозволи, изработка проекти, набавка материјали, барање мајстори, промена на цени во тек на градење и потрошеното време се неизбежни обврски. Но тоа не важи за еко објектите кои ги градиме. При сите чекори до Вашата куќа Ви ги нудиме нашите бесплатни совети со кои ќе одговориме на сите прашања во врска со добивање дозвола за градење, проектирање, кредитирање на изградбата, избор на куќа и сл.
Финансирање и кредит
Еден од првите чекори пред купување еко куќа е донесува ње одлука за финансирање на проектот. Производството и монтажата се кратки така да во кус временски период ќе би дете оптоварени со големи финансиски обврски. Затоа во соработка со нас Банката може да ви даде добра понуда за долгорочен станбен хипотекарен кредит.
Проекти
Нашите еко куќи можеме да Ви ги понудиме како разработени типови или да ги прилагодиме на Вашите желби и потреби . Доколку не се одлучивте да извршите избор од нашите типски или модифицирани проекти ќе ни биде задоволство Вашата нова куќа да ја проектираме уникатно по Ваши желби, само за Вас.
Истото ви го нудиме и за изградба на колективни станбени згради, деловни објекти и изградба на поткровја.
| |
Јубилеен подарок
По повод нашиот 20 годишен јубилеј донесовме Одлука на сите наши клиенти во текот на 2009 год. бесплатно да им изработиме идејни проекти
Монтажа
Нарачателот може сам или со наша помош да ги обезбеди потребните дозволи. За добивање решение за локација потребно е да се изготви идеен проект, а потоа и основен проект за добивање дозвола за градење. Тоа се може да Ви го припремиме ние.
Потоа се пристапува кон монтажа.
- Ископ за темели, подрум и бетонирање;
- Изградбата на еко куќа се изведува од страна на наша специ јализирана екипа која за неколку дена ќе ја покрие куќата;
- Кровопокривачки и лимарски работи;
- Обработка на фасада;
- Инсталатерски работи;
- Сувомонтажен или бетонски естрих;
- Изведба подови, керамика, молерај.
Фазите 1, 5, 6 и 7 може да ги изведе инвеститорот со свои изведувачи или да ги изведеме ние.
Во зависност од можностите за обезбедување и пристап на дизалица до локацијата за градење објектот може да се из веде во крупнопанелен или во традиционалниот ситнопане лен систем со димензии на основниот панел од 125/260см.
|