mdc.Architetonica

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Заштеда на енергија

Заради постигнување конфорни услови за живеење и работа со истовремено намалување на количината на потрошената енергија под дозволениот коефициент на топлотна спроводливост на надворешни ѕидови Umadz = 0,4 NJ/m2K (согласно со Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти - Сл. весник бр.143/08) развивме три основни типа на конструкција на надворешните ѕидови и тоа:

 
  • Тип „СТАНДАРД“ каде што дебелината на надворешниот ѕид е 18,5см, а коефициентот на топлотна спроводливост изнесува U = 0.232W/m2K што е помал од Umax. Куќата изградена по системот „Стандард“ во една грејна сезона ќе потроши 7-8 литри нафта за ложење по квадратен метар станбена површина;
  Тип Стандард
  • Тип „КОНФОР“ каде што дебелината на надворешниот ѕид е 20,5см, а коефициентот на топлотна спроводливост изнесува U = 0.207W/m2K што е помал од Umax. Куќата изградена по системот „КОНФОР“ во една грејна сезона ќе потроши 5-7 литри нафта за ложење по квадратен метар станбена површина;
 
  • Тип „ЛУКС“ каде што дебелината на надворешниот ѕид е 29,5см, а коефициентот на топлотна спроводливост изнесува U = 0,140W/m2K и е помал од Umax. За греење на куќа изградена по системот „ЛУКС“ во една грејна сезона потребни се помалку од 40kWh/m2 годишно, односно ќе потроши 3 литри нафта за ложење по квадратен метар станбена површина поради што и се нарекува 3 литарска куќа и припаѓа во групата на НИСКОЕНЕРГЕТСКИ објекти;
 

За споредба треба да кажеме дека куќа изградена со класичен шид со дебелина од 30см во една грејна сезона ќе потроши 11,6 литри нафта по квадратен метар.

 
Krivajaroyalмдц.Архитектоника
All content © 2008 - 2010 mdc Architectonica - arh.com.mk | developed by 6th star