Конструктивни системи
Зависно од конструктивниот систем на градење кој произлегува од функцијата на објектот, неговата катност, намена, услови за градење и користење на објектот имаме усвоено два основни техничко технолошки система на градење. Двата система обезбедуваат еднакво вредна енергетска ефикасност, а се разликуваат во изборот на конструктивниот носив систем на објектот.
1. СИСТЕМ МК - монтажни објекти
Носивиот систем кај МК монтажните еко објекти изработен е во соработка со ТМК Криваја и истиот го сочинуваат надворешните и внатрешни ѕидови изведени како дрвени панели , дрвена меѓукатна конструкција како и кровниот решеткаст носач.
• Надворешни ѕидови
Носивите надворешни ѕидови се изведени како дрвени панели со дебелина од 10 – 16см во зависност од енергетско техничките потреби.. Панелот е исполнет со квалитетна минерална волна ,а од внатрешната страна се поставува парна брана која спречува продор на влага во термоизолацијата и појава на кондензација. Потоа панелот се монтира на објектот каде што се врши облагање на ѕидот со лесни термоизолациони плочи и завршна фасадна обработка по избор на инвеститорот. Од внатрешната страна ѕидот се обложува со гипс картонска плоча.
• Преградни ѕидови
Се изработуваат по истиот принцип како и надворешните но со помали димензии на панелот кој се исполнува со минерална волна и се облага со ОСБ плочи како и со гипс картонски плочи обострано по што се врши бандажирање, глетување и молерисување.
• Меѓукатна конструкција
Се формира од греди со пресек 6/20 до 8/22 во зависност од статичката пресметка. Гредите се заштитени со еколошки премази со што се обезбедува долговечност на дрвото . Преку гредите се кова слеп под од летви со дебелина од 4см или ОСБ плочи со де белина од 2.2см, а кој служи како под конструкција за завршниот под. Помеѓу гредите се поставува ПЕ фолија и минерална волна а од долната страна се кова проредена оплата и гипс картонски плочи.
• Кров и плафон
Кровната конструкција кај приземните објекти се изработу ва од дрвени решеткасти носачи. Стаповите се заштитени со премази кои спречуваат гниење и развој на габи и се поврза ни со поцинкувани челични назабени плочи од канадскиот производител „Митек“.
Врз решеткастите носачи се кова дрвена оплата од 2.2см преку која се поставува паропропусна фолија. Потоа се коваат летви и се врши покривање со керамида (или шиндра врз дрвена оплата).
На долниот појас на решетките се формира плафонот со ковање оплата која служи како потконструкција за гипс картонските плочи. Врз оплатата се поставува ПЕ фолија и минерална волна со дебелина од 10 - 20 см во зависност од бараните термички карактеристики на објектот.
• Инсталации
Уште во производниот погон се инсталираат цевни и кабловски електринсталации (електро, телефон, ТВ, кабловска) и инсталации за водовод и канализација. Каблите за електроинсталацијата се разведуваат низ незапаливи пластични цевки, а на терен се врши хоризонтален развод по плафонот и спојување со главниот разводен орман.
Доколку греењето е предвидено на класичен начин се предвидува еден или повеќе „Schiedel“ оџаци. По посебни барања на нашите клиенти можни се модификации на системот на греење (подно греење, парно, користење соларна енергија итн.)
| |
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ
2. СИСТЕМ SYMBIOTIC
Овој иновативен систем ги обединува најдобрите карактеристики на армирано бетонските и челични конструкции и дрвените панели и овозможува изградба на повеќекатни станбени и деловни објекти без ограничување на бројот на катови со што го чини погоден за изградба на повеќекатни станбени и деловни објекти.
Носивата конструкција е армирано бетонски или челичен скелет составен од армирано бетонски или челични стол бови ,греди и плочи. Дрвените панели се со исти карактеристики во однос на енергетската ефикасност како и во системот МК.
Со Symbiotic системот сме во можност да совладуваме поголеми распони и висини односно катови што ни овозможува поголема слобода во проектирањето на станбени и деловни објекти. Правилната диспозиција и технолошка изведба на панелите беспрекорно ги решава проблемите со топлотните мостови и обезбедува енергетска ефикасност на објекти те во категоријата на нискоенергетски објекти.
• Фасадна обработка
Кај двата система на градење завршната фасадна обработка може да се изведе како:
a. Контактна фасада - при што како најприкладна за овие објекти е т.н. „демит“ фасада со широка палета на завршниот слој.
b. Вентилирана фасада - која нуди завршна обработка со градежни плочи од реномирани европски производители, (Треспа, Алукобонд, Тримо) како и со ПВЦ табли „siding“ на нашиот партнер ROYAL EUROPA од Полска. Siding таблите се изработени по канадска технологија и со нив се изведени илјадници објекти низ Северна Америка, а во последните 10тина години и низ Европа.
Со завршната обработка Вашиот објект ќе го добие својот идентитет и ќе го комплетира Вашето задоволство да ја имате куќата на Вашиот сон.
|