Јубилеј
Со задоволство од постигнатиот раст и развој годинава славиме 20 години од основањето на нашата фирма.
Во изминатите 20 години МДЦ Архитектоника проектираше и градеше станбени и деловни објекти, уредуваше ентериери секогаш следејќи ги современите трендови во архитектурата и градењето.
Како семејна фирма МДЦ Архитектоника својот развој и понатаму ќе го темели на знаењето, стручноста и високиот професионализам во исполнување на обврските.
Овластувања и лиценци
Поради својата стручност, знаење и искуство вработените во фирмата се носители на Овластувања за проектирање, надзор и ревизија на проекти додека МДЦ Архитектоника поседува Лиценци за проектирање, надзор и изградба на објекти.
|
|
Визија и развој
Доследни на следењето на актуелните проблеми кои се глобално присутни МДЦ Архитектоника ги насочи своите активности кон акцептирање европски и домашни стандарди, знаења, принципи и искуство за архитектонски третман на енергетските проблеми на објектите кои на корисниците треба да им обезбедат оптимална животна и работна средина.
Нов архитектонски концепт
Респектирањето на овие знаења пред нас поставија и стандарди за нов нискоенергетски архитектонски концепт при проектирање и градење еко објекти.
Партнери
- Наш партнер во изградбата еко објекти е
европски реномираниот производител ТМК - Криваја од БиХ кој зад себе има 60 годишна традиција во изградбата на монтажни објекти и кој поседува сертификат од Otto-Graf Institutot od Stutgard и сертификат на стандардот ISO 9001:2000 добиен од сертификациската куќа Earland како и атест ETA кои го потврдуваат стандардот и квалитетот на овие објекти .
- Наш партнер за изведба контактни фасади Siding е Royal Europa од Полска кој е дел од Royal Group Technologies Ltd од Канада - најголем производител на градежни ПВЦ материјали во Северна Америка и по чија технологија е изработен Sidingot - материјал кој е сертифициран и поседува интернационални атести.
|